1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повеќе од само најголем саем на книгата во светот

29 септември 2006

Издавачи Книжари , автори и читатели се собираат на 4 октомври во Франкфурт , кој пет дена ќе биде светска метропола на книгата . Франкфуртскиот саем на книгата е културен настан , но пред се е најважен меѓународен собир и пазар за трговците и лиценците. 7000 издавачи од 100 земји ги претставуваат своите производи а тоа не се исклучиво книги.

https://p.dw.com/p/AeTA
Се е подготвено за почеток на Франкфуртскиот Саем
Се е подготвено за почеток на Франкфуртскиот СаемФотографија: AP

Кога Јоханес Гутенберг го направи револуционерното откритие на печатењето , започна и подемот на градот Франкфурт како најважен саем на книгите. Денес , 550 години подоцна сеуште се говори за Саемот на книгата , иако тој термин се помалку одговара за најважната светска манифестација на издавачката бранша. Во меѓувреме само половина од изложеното , преставуваат книги. Веќе одамна франкфуртскиот саем се отвори спрема новите трендови на пазарот- објаснува директорот на саемот Јирген Боос:

„ Економската основа на саемот е трговијата со авторски права. Во која форма се изведува тоа е сосема сеедно . На крајот секогаш профитираат издавачот и авторот“

Аудио и печатени книги но и игри , како и широка понуда на филсски и телевизиски производи , сето тоа спаѓа во книжарската дејност. Елекстронските медиуми и новите дигитални достигнувања оваа година Саемот сака да ги претстави на едно место – т.н дигитален маркет.

Платформа за интеркултурни и политички разговори Франкфуртскиот саем на книгата нуди и со поканување на една земја како гостин . Оваа година тоа е Индија , по втор пат во последниве 20 години:

„ Од 1986 година , се променија многу нешта. Верувам дека Индија е земја во која се случиле најмногу работи. Оваа година немаше германски весник кој не напиша: економската сила Индија. Меѓутоа Индија е и земја на голема култура , во која има 24 службени јазици , многу дијалекти на кои се преведени книгите за овогодишниот саем. Тоа е богата лирска литература, а се произведуваат филмови. Значи има многу нови теми а тука е и она на што треба да се потсетиме. Затоа е подразбирливо што Индија е повикана како гостин по вторпат во последниве 20-години“- вели директорот Јирген Боос.

На Саемот во Франкфурт ќе се претстават околу 200 индиски издавачи. Оваа година е значајно учеството на Азија воопшто. На пример двојно е зголемен бројот на кинески издавачи за разлика од минатата година .

Што се однесува пак до германските издавачи и покрај бројните процеси што се одвиваат во браншата , тие бележат напредок сеедно дали станува збор за мали , големи или средни претпријатија. Една од нив е и Даниела Зеел од берлиснката издавачка куќа „КукБукс“ :

„Мислам оти е величествено , тоа што саемот нуди голема разновидност . Покрај книгите тука се и издавачите, авторите и љубителите на книгата од целиот свет, нешто што без саемот не би можело да се доживее“

Но , се во Франкфурт не е поврзано со бизнисот. Околу 1000 читања во дел и на меѓународно признати автори и 380 илјади книги ќе им бидат наменети на љубителите на пишаниот збор. Во халата за антиквитети ќе може да се види првата книга со рецепти печатени 1480 . А тоа е вистински поздрав за Јоханес Гутенберг.