1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Ругова – бојкот на Србите

24 октомври 2004

Во сенката на масовен бојкот од страна на српското малцинство, вчера на Косово се гласаше за новиот покраински парламент. Според првите прогнози, партијата на претседателот на покраината Ибрахим Ругова, Демократска лига, освоила 47 насто од глаовите, но не супеа да обезбеди апсолутно мнозиснтво. Се проценува дека на изборите излегле околу 53 насто од граѓаните со право на глас.

https://p.dw.com/p/AcKN
Според првите резултати победи Ругова
Според првите резултати победи РуговаФотографија: AP

По пребројуавњето на околу 20 насто од гласовите, Ибрахим Маколи од независниот центар за одбрана и човекови права синоќа во Приштина соопшти:

“Демократската лига на освои 47 насто гласови, демократската партија 27 насто, Алијансата за иднина на Косово на осум насто“.

Изборите минаа без инциденти, како што соопшти претставникот на ОБСЕ, но затоа шефот на УНМИК Сорен Јесен Петерсен упати жестоки критики врз српското малцинство поради масовниот бојкот на изборите. Тој ги обвини српските националисти во покраината дека ги заплашувале потенцијалните избирачи и ги спречиле да ги дадат своите гласови:

“Многу Срби решија да се воздржат од гласање зашто врз нив беше вршен притисок. Без тој притисок ќе се појавеа многу повеќе Срби. И сигналите од Белград не ги охрабрија многу Србите на Косово“, изјави Петерсен и додаде дека со бојкотот на изборите српските националистички сили самите си ги ограничија можностите за влијание врз идниот статус на покраината што сега е под управа на Обединетите нации. Само оние српски политичари што ќе учествуваа на изборите можеа да бидат легитимни претставници на својот народ и да бидат вклучени во политчкиот процес, рече Јесен Петерсен.

Лидерот на српската листа за Косово и Метохија Оливер Ивановиќ за бојкотот ги обвинува српската влада и премиерот Воислав Коштуница:

“Фрустрираното население е лесно да се наговори на деструкција и тоа е начин на размислување на оние што повикуваа на бојкот. Незадоволството кај српскиот народ достигна енормни размери, подеднакво како и застрашувањето на народот со изборите што не се прави во ниту едно демократско општество“.

За разлика од него Милан Ивановиќ ги обвини умерените Срби што учествуваа на изборите дека извршиле напад врз интересите на српскиот народ. “Тие дејствуваа според барањата на Запад", изјави Ивановиќ во Косовска Митровица. Според него на изборите учествувале само 0,27 насто од Србите со право на глас.

Претседателот на Косово Ибрахим Ругова пак, вчера откако гласаше изјави:

“Убеден сум дека ќе гласаат сите граѓани со право на глас зашто овие избори се значајни за формалното признавање на независноста на Косово, за развојот, просперитетот, демократијата и за иднината на Косово“. Изјава во сличен тон даде и премиерот Бајрам Реџепи:

“Косово влегува во многу значајна фаза. Имавме мирна предизборна кампања, а и изборите минаа мирно и ние сме многу задоволни“.

На изборите инаку, изелога 33 политички групации и 30 независни кандидати за 120-те места во косовскиот парламент, од кои десет се резервирани за српското малцинство и десет за другите малцинства. За да срепчи безредија на изборите НАТО ги засили трупите во покраината, а дополнително беа ангажирани и сите полициски сили. Изборите ги посматраа околу 12 илјади домашни и странски посматрачи. Резултатите се очекуваат утре.