Победа на опозицијата во Полска
22 октомври 2007Реклама
На предвремените парламентарни избори во Полска граѓаните јасно се изјаснија за промена на власта.Опозиционата Граѓанска платформа, според делумните резултати, води со 44 проценти од гласовите.Партијата Право и правда на национал- конзервативниот премиер Јарослав Качински според досегашните резултати има 31 процент од гласовите.Качински го призна поразот и му честиташе на либералниот водач на опозицијата Доналд Туск.Тој пак најави нов политички почеток,во што спаѓа и планот за повлекување на полските војници од Ирак на почетокот на идната година.