1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на Макс за песната на Евровизија

20 март 2004
https://p.dw.com/p/AeVq
Фотографија: AP
Синоќа германските ТВ-гледачи решаваа за германскиот кандидат за настапот на песната на Евровизијата што кон средината на мај ќе се одржи во Истанбул. Победи досега сосема непознатиот 22-годишен пејач Макс со песната "Не можам да чекам до вечер". Годинава изборот се одвиваше многу поразлично од порано со надеж дека германскиот претставник ќе мине подобро отколку неговите претходници во изминатите години. Беа избрани десет мелодии кои во изминатите месеци доминираа на германската топ-листа, концепт што го предложи водителката на музичката ТВ- Вива Сара Кутнер: "Во последниве години сета беше некакок застарено, па си реков: нешто мора да се случи и мора да се најде нов план. Тој едноставно беше многу јасен: потребен е германски хит кој има материјал да стане и мешународен хит. Затоа обравме десет мелодии кои се веќе хитови". Беа застапени сите стилски правци: рап и соул, техно и бој-груп-хармонии. Телевизискиот народ гласаше преку телефон или со Ес-Ем-Ес пораки и го избра Макс во кого се насочени сите надежи. Тој беше тотално одушевен од победата: "Воопшто не размислував дека јас ќе имам можност да ја застапувам Германија".