1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа на конзервативните, реформаторите засилени

Улрих Пик, Техеран17 март 2008

Конечни резултати од парламентарните избори во Иран се’ уште нема - најавени се за утре, но веќе сега е јасно дека конзервативните сили однесоа победа. Се подгрева сомневањето за можни манипулации.

https://p.dw.com/p/DPVf
Зголемена подршка од избирачите за реформаторските силиФотографија: AP
За конзервативните кандидати на листите на претседателот Ахмадинеџад и на некогашниот преговарач во атомскиот спор Лариџани, според иранските медиуми, гласале повеќе од 70 насто од избирачите. За реформаторите се изјасниле околу 20 проценти, додека независните кандидати освоиле 10-ина проценти од гласовите. Реформаторите, според нивниот претставник Насери, освоиле 102 од вкупно 290 места во парламентот, што би значело значителен напредок во споредба со 47-те мандати колку што ги имаа досега. Иако изборите беа означувани како тест за политиката на претседателот Ахмадинеџад, од досегашниот резултат не може да се извлече дефинитивен заклучок. Јасно е дека тој во иднина ќе мора да смета на поголем отпор и ќе биде упатен на меѓусебно разбирање со приврзениците на Лариџани.
Клерот се дистанцира од претседателот Ахмадинеџад
На сменетиот преговарач во атомскиот спор му успеа да освои дури 75 проценти во градот Гом, упориште на теолозите. Веќе подолго време е забележлив трендот на дистанцирање на исламските свештеници од претседателот Ахмадинеџад, како и дека на клучни места се’ повеќе доаѓаат функционери и офицери, наместо теолози. Изборите, според ЕУ, не беа ни демократски, ниту фер. Советот на чуварите на револуцијата отфрли илјадници реформаторски кандидати за изборите, а критичари велат и дека на ниеден реформатор не му било дозволено да присуствува на броењето на гласовите. Ако е така, се подгрева сомневањето за можни манипулации.