Победа на ватерополистите против Холандија
3 април 2012Во натпреварот од второто коло од А групата на предолимписките квалификации во Едмонтон македонските ватерполисти ја победи Холандија со 9:6. Решавачка за победата беше втората четвртина, која Македонија ја доби со 3:0. По четвртини резултатот гласеше: 1:1; 3:0; 3:3; 2:2.
Головите за Македонија ги постигнаа: Срѓан Аксентијевиќ - 3, Иван Басара - 2, а Матео Чук, Петар Ивошевиќ, Марко Мартиниќ и Мирослав Ранџиќ постигнаа по еден гол.
Вечерва (03.04) се играат натпреварите од 3. коло, а Македонија од 22:20 часот игра против Романија. Тоа е можеби клучниот натпревар за пласман во четвртфиналето.
На другите натпревари од 2. коло од А групата беа постигнати следниве резултати: Романија – Грција 10:9 и Црна Гора – Германија 11:7.
Во Б групата: Аргентина – Шпанија 6:14 и Канада – Бразил 12:9. Слободна беше репрезентацијата на Турција.
Табела А група: Црна Гора 4 бодови, Романија 2, Германија 2, Грција 2, Македонија 2, Холандија 0.
Табела Б група: Шпанија 4, Канада 2, Турција 1, Аргентина 1, Бразил 0.