1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа како пораз

Зоран Јордановски19 септември 2005

Досега опозиционите партии на Унијата ЦДУ/ЦСУ - најсилна фракција во новиот состав на Бундестагот по вчерашните вонредни парламентарни избори во Германија, но со минимална предност пред социјалдемократите и со еден од најслабите изборен резултат воопшто.

https://p.dw.com/p/AcCa
Натпреварот продолжува!
Натпреварот продолжува!Фотографија: dpa

Пораз како победа: социјалдемократите спречија демохристијанско-либерална коалиција, дури стигнаа до прагот на подвиг – но не го пречекорија. Лидерите на обата табора полагаат право врз канцеларската функција. Претстојат интересни денови на политичко преговарање и комбинирање за обезбедување парламентарно мнозинство за формирање влада.

Германија нема доживеано таква изборна вечер. Неупатен гледач од сликите на телевизиските екрани лесно можеше да биде доведен во заблуда во однос на исходот. Победничко славје во партиското седиште на социјалдемократите во Берлин, кога синоќа таму се појави канцеларот Герхард Шредер.

“Се чувствувам потврден дека треба за нашата земја да се погрижам и во наредните 4 години да има стабилна влада под мое раководство“.

Така зборува победник. А црвено-зелената коалиција сепак ги загуби изборите. Кај победникот, ЦДУ, изненадување и разочарување, што не можеше да го скрие ни предводникот на опозицијата во оваа изборна битка Ангела Меркел. „Резулатот е таков, што црвено-зелените се отфрлени, но не е можна ни од нас посакуваната констелација. Тоа значи дека светот стана малку покомпликуван. Но, политичарите се затоа тука, да решаваат и комплицирани задачи.

Шредер и Меркел се гледаат како канцелар

Ноќеска обајцата – и Шредер и Меркел, се гледаа како иден канцелар. Ни едниот, ниту другиот не обезбедија парламентарно мнозинство. Оние што имаат најмногу причини за задоволство – помалите партии, пред се’ либералите со освоени безмалку 10 проценти од гласовите, можат да се ценкаат, но на крајот и да останат сосем со празни раце, ако се оди на голема коалиција. На малите засега им расте цената: без либералите и зелените, ниеден табор нема мнозинство. Синоќа сите категорично се откажуваа од ваква или онаква идна политичка констелација. Никакви грижи нема Левичарската партија – по само 4 месеци од основањето, стана 4-та политичка сила во Германија, но ни таа сака коалиција со некого, ниту пак некој сака коалиција со неа.

Реакции во германското стопанство

Изборите не донесоа јасно мнозинство во парламентот и тоа предизвика претежно негативни реакции во германското стопанство.

„За германската индустрија овој резултат од изборите е разочарувачки, зашто не го олеснува владеењето во Германија. Ние посакувавме смена и црно-жолта коалициона влада“ – рече Јирген Туман, претседател на Сојузното здружение на германската индустрија.

Вредноста на акциите на германската берза изутрината падна за 100 поени, односно два процента, а курсот на еврото дојде на најниско ниво за последните 30 денови. Многумина актери на девизниот пазар сметаа на влада од Унијата и либералите, со порадикални стопански реформи.

Синдикатите не се незадоволни: „Сосем очигледно пропадна целта во земјата да се реализира неолиберална политика, која е насочена против обичните луѓе“ – оцени Михаел Зомер, претседател на Сојузот на германските синдикати.