1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Победа во вистински момент

23 март 2006

Германската фудбалска репрезентација конечно се прикажа во вистинска светлина. Синоќа избраниците на Јирген Клинсман во пријателски натпревар ја совладаа селекцијата на САД со 4:1

https://p.dw.com/p/Aej3
Од натпреварот во Дортмунд
Од натпреварот во ДортмундФотографија: AP

Победата против американската репрезентација на домаќинот на претстојното светско првенство во фудбал му ја враќа разнишаната доверба по поразот од Италија со 4:1. Бастијан Швајнтајгер, Оливер Невил, Миродслав Клозе и Михаел Балак беа стрелци на головите за Германија, сите беа постигнатио во второто полувреме. Еди Џонсон беше стрелецот на единствениот гол за САД во финишот на натпреварот по една несмасна реакција на германскиот голман Оливер Кан:

„Се разбира дека се радуваме затоа што екипата цело време играше компактно. Во првите 20 минути игравме добро, потоа маклку загубивме на ритам затоа што американците добро се спротивставуваа. На полувремето на тимот му рековме дека мора да бидеме компактни и да се држиме до тактиката и потоа дојде првиот гол, во вистинско време на почетокот од второто полувреме„ рече Клинсман.