1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Плаќање без граници

Карл Завадски и Рикардо Мастрокола 28 јануари 2008

По повеќегодишни подготовки на сила стапува единствениот платен систем во Европа-СЕПА. Тој ќе овозможи поефикасен и полесен прекуграничен финансиски трансфер.

https://p.dw.com/p/Cyhw
Кредитна картичкаФотографија: Bilderbox
490 милиони Европејци благодарение на системот СЕПА добиваат единствен инструмент за вршење на банкарските работи, во својата земја и во странство. Притоа независно дали земјата се наоѓа во евро зоната или не. Во преодниот период, ќе продолжат да функционираат и националните системи на плаќање преку уплатници, банки или кредитни картички. Намалување на трошоците при трансфери Ханс Јоахим Масенберг, втор човек во сојузот на германските банки претпоставува дека најдоцна до 2015 година во Европа ќе важат единствени формулари и правила:„СЕПА ќе им понуди повеќе предности на економијата и потрошувачите. Единствениот платен систем е значаен чекор напред за европскиот пазар“
Deutschland Wirtschaft Deutsche Bank Fensterputzer
Банките во ГерманијаФотографија: AP
Во моментов, граѓаните, фирмите и јавните служби во ЕУ, годишно издвојуваат околу 60 милијарди евра за разни финансиски трансакции. Притоа главно се работи за уплатници за префрлување на пари и плаќање со кредитни картички. Речиси една четвртина од сите трансакции се во Германија, економски најсилна, но и по популација најбројна земја во Унијата. Финансиските трансакции се оптоварени со различни системи на плаќање, конвенции и правни прописи. Исто така, секоја држава има сопствени технички стандарди. Новина е и тоа што придонесите за трансакциите на пари во евра ќе биде единствена на целата територија на Унијата. Ханс Георг Фабрициус, член на управниот одбор на Централната банка вели:
„Целокупниот европски платен промет во иднина ќе може да се врши преку која било тековна сметка во Европа. Заради тоа банките во иднина ќе мора да вложат дополнителни напори за да ги придобијат своите бизнис и приватни партнери. Познато е дека атрактивноста се постигнува само со понудата и цените“ вели Фабрициус.