Платите на менаџерите не смеат да бидат тајна
14 март 2005Министерката за правда Бригите Циприс се стави на страната на поддржувачите на идејата. Таа планира нов закон со што објавувањето на примањата на менаџерите ќе стане обврска.
Платите на членовите на управните одбори на германските фирми нотирани на берзата во иднина не треба да бидат тајна. Сојузната влада планира закон според кој фирмите еднаш годишно мораат да објават колку заработуваат нивните врвни менаџери. Министерката за правда Бригите Циприс:
„За секој поединечен член на управниот одбор треба по име да бидат предадени вкупните износи. Притоа информациите треба да бидат поделени на зависни од успех и на компоненти со долгорочно влијание, на пример, опции од акции„.
Во случај на напуштање на управниот одбор треба да бидат објавени и сумите за отпремнина. Според министерката, не станува збор за тоа да се задоволи љубопитноста или да започне дебата на завист, туку да се штитат интересите на акционерите. Слични закони веќе има во САД, Канада, Велика Британија, Ирска, Франција, Италија, Холандија и Шведска. Со ваквиот предлог закон, владата реагира на двоумењето на големите фирми за добороволна транспаретнтност по прашањето на менаџерските плати. Кон нив припаѓаат Дајмлер Крајслер, БАСФ, БМВ и Порше. Поранешниот шеф на Тисен-Круп Герхард Кроме жали што стопанството ја пропушти шансата за саморегулирање:
„Мислам дека решавачко за министерката беше што одделни фирми децидно соопштија дека нема да објават такви податоци„.
Кроме води една владина комисија која обработува препораки за добро водење на фирмите. Кон тоа припаѓа и ограничувањето на платите на менаџерите кои во последно време се најдоа на големи критики. Само две третини од фирмите што се наоѓаат на германската берза ја прифатија препораката да ги објават примањата на своите менаџери. Министерката Циприс изјави дека нејзиниот предлог е во согалсност со кабинетот и со фракцијата на социјалдемократите, и веројатно ќе може да стапи во сила во втората половина од годинава. Неопходна е и согласноста на Бундесратот во кој доминира опозицијата.