1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ПКК си ја влоши позицијата

Гервалд Хертер21 јули 2008

Заложничката драма со тројцата германски планинари на Арарат заврши без крв. По дванаесет дена, во неделата 20.07.2008 беа ослободени заробениците на забранетата курдска работничка партија ПКК. Коментира Гервалд Хертер

https://p.dw.com/p/EgGH
Фотографија: DW

ПКК не само што се потцени, туку и беспотребно си ја влоши позицијата. И тоа на сметка на германските заложнци и нивните семејства. Со воените активности на турската армија токму во северен Ирак, ПКК е значително ослабната.

Меѓутоа, милитантската организација не треба да очекува политичка против услуга од германската влада. ПКК немаше избор. Секакво согласување од страна на владата со барањата на организацијата би ја направило Германија слаба на уцени. Тоа ќе беше еднакво на бодрење на сите милитантски групи и терористички организации во светот да продолжат со киднапирање германски државјани.

Барањата се оправдани, но не и средствата

Од 1993 година курдската работничка партија е забранета во Германија. Во САД важи за терористичка организација, а и останатите земји од ЕУ се сложија со оваа проценка. На оние кои се` уште не мислеа така, кои борците на ПКК ги сметаа за се херојски бунтовници, последниов случај би требало да им ги отвори очите.

Се разбира, никој не може да порекне дека Курдите во Турција се во незавидна ситуација, со децении наназад се запоставувани и потиснувани. Нивните залагања за поголема автономија се праведни. Сепак, Турција е се` уште далеку од исполнувањето на нивните барања.

Меѓутоа, со вакви акции, како грабнувањето на германските државјани, ПКК нема да ги постигне своите цели – напротив. Трајно се повлекува во аголот на терористите, ги прокоцкува евентуалните симпатии и само им олеснува на германските власти да застанат пожестоко против неа.

И покрај забраната, Германија се` уште претставува важно прибежиште за курдската работничка партија и нејзините следбеници. Има индикации дека функционери на ПКК изнудуваат донации и регрутираат членови во Германија и се` уште настапуваат грубо со турските институции.

ПКК само крена прашина

Стратегијата на ненасилство претставена во јавноста, очигледно оди во друга насока. Ако германските власти преземат конкретни акции против ПКК, тоа значи дека, во прва линија, ги поддржуваа турските барања, но и тоа не е се`.

Во Германија живеат меѓу 500. и 800.000 Курди, повеќе од каде било во Европа. Од нив само околу 12.000 припаѓаат на ПКК или нејзините ограноци, значи се работи за малцинство. Владата на Германија не само што мора да ги заштити Германците и Турците од ПКК, туку и останатите Курди, кои не сакаат да имаат ништо со оваа организација.

Со грабнувањето на германските државјани, ПКК крена прашина во светот, но не покажа ништо друго освен својата беспомошност.