1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ПКК е терористичка организација и заеднички непријател

6 ноември 2007

Американскиот претседател Џорџ Буш на средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан, ПКК ја означи како терористичка организација. Турската армија ќе остане на границата кон Ирак како мерка на безбедност.

https://p.dw.com/p/C34y
Ердоан и Буш во Белата куќа:ПКК е терористичка организацијаФотографија: AP

Американскиот претседател Буш му вети на турскиот премиер Ердоан помош во борбата против курдските бунтовници:

„Разговаравме опсежно за заедничкиот проблем кој се вика ПКК. ПКК е терористичка организација која е непријател на Турција, на САД и на Ирак. Договоривме како подобро да разменуваме информации на тајните служби. Многи јасно му соопштив на премиерот дека сакаме заеднички да работиме за решавањето на овој проблем„.

Буш најави дека највисоките воени претставници на Турција и САД ќе бидат во чести контакти за да можат да разменуваат информации за движењата на герилските единици на Курдите.

Турскиот премиер Ердоан, кој се наоѓа под силен притисок на домашната јавност да преземе воена акција против курдските бунтовници, пред средбата со Буш изјави дека очекува позитивен резултат и конкретни чекори од американска страна. Тој ја поздрави готовноста на Вашингтон да ја поддржи Турција во борбата против курдските бунтовници, но помошта од САД и Ирак ја оцени како премногу воздржана. Инаку, Турција, и покрај меѓународните критики, ќе го продолжи засилувањето на своите трупи на границата кон Ирак: како мерка на безбедност.