1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пињеро во Мијанмар

12 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CAPb

Претставникот на ОН за човековите права во Мијанмар, Паоло Серџо Пињеро за прв пат по четири години пристигна во посета на оваа земја. За време на петтдневниот престој експертот за човекови права треба да го утврди бројот на жртвите во протестите против воената хунта во земјата и да посредува за ослободување на критичарите на режимот. Пињеро ќе се сретне со високи претставници на властите. Сеуште е нејасно дали ќе разговара и со лидерот на опозицијата, носителот на нобеловата награда за мир, Санг Цу Чи, која и по последната средба со претставникот на ОН Ибрахим Габари сеуште е во домашен притвор. Пињеро изрази задоволство од работата на Гамбари и неговата средба со шефот на опозицијата:

„ Многу сум среќен. Мислам дека господинот Гамбари направи добра работа, дека таа доби можност да дфаде изјава и да се сретне со нејзините партиски колеги„