1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Печуј- град без граници

27 декември 2009

Во споредба со турскиот Истанбул и германскиот Есен третата „Европска културна престолнина“ во 2010 е релативно непознатиот унгарски град Печуј. Во него меѓутоа се испреплетуваат најразлични култури.

https://p.dw.com/p/LCCQ
Убавото старо централно градско подрачје на ПечујФотографија: Silke Bartlick

„Финфкирхен“ или „Пет цркви“. Вака Германците го нарекуваа овој град кога пред околу 300 години се населија во околината на Печуј. Тие мора да биле учени луѓе со оглед дека името на градот го превземале од поранешниот латински назив со кој се потенцирало неговото значење како главен град на староримската регионална управа во 9 век. Имено секој град во тоа време не можел да се пофали со пет божји храмови:

„ Староримската населба имала сосема мал централен дел. Наводно таму се’ уште има мал дел од градските зидини во форма на круг но пронајден е само мал дел и не се знае каде можат под земја да се најдат другите делови“ , раскажува Јохан Хaбел.

Synagoge in Pecs
Синагогата во ПечујФотографија: Sylvia Genova

Турците оставиле свој белег во Печуј

Тој е историчар а воедно и дунавски Шваба, значи потомок на еден од околу 150 илјади Германци кои во 17 и 18 век се доселија во унгарските погранични области од разни делови на Хабсбуршката империја. Во тоа време овој ридест регион со блага клима бил прилично ненаселен со оглед дека Турците по речиси 150 годишно владеење штотуку биле протерани од Унгарија. Во тие 150 години Турците го уредиле градот по сопствен вкус и традиција, вели Хабел:

„ Христијанските цркви беа претворани во џамии или уривани. Турците потоа граделе и сосема нови џамии, амами, медреси, болници“

Со ова Турците придонесле , во Печуј да се испреплетуваат најразлични култури. Статуите глави , кои Турците муслимани ги отстраниле од монументалната катедрала во Печуј, веќе одамна се повторно поставени онаму каде што биле. Главната џамија во градот која била изградена од камењата на една римска црква на убавиот некогаш средовековен пазар , многу бргу станала градска парохијска црква. Но нејзиниот главен ѕид и натаму е насочен кон Мека а под крстот на зелената купола се’ уште сјае исламската полумесечина.

„ Градот има историја стара 2000 години. И градот постојано ги чувал и негувал овие 2000 години стари споменици и културно наследство“ , вели директорката на покраинскиот музеј Јулиа Фабанји. Таа исто како и Јохан Хабел студирала во Лајпциг.

Мултикултурен и отворен град

Ungarn Land und Leute Transdanubien Pécs Sparkasse
Стара архитектура, зградата на банкатаФотографија: J. Sorges

И додека Фабанји била посветена на уметноста , Хабел повеќе се занимавал со мрачните поглавја од историјата . На Пример протерувањето на печујските Евреи, за чие рабо присуство во градот до денес сведочи убавата голема синагога. Но Хабел пред се“ се занимавал со историјата на малцинството чив припадник е- асимилираните Дунавски Шваби, кои по Втората Светска Војна за време на руската окупација биле прогласени за нацисти и без какви било проверки биле протерани во Германија:

„ Тоа, според мене беше најтешкиот удар за Унгарија во секој поглед“

Денес во Печуј живеат околу 14 илјади луѓе со германско потекло- врата до врата, со Унгарците, Хрватите, Бугарите, Грците, Ерменците, Србите, Словенците, Украинците и Ромите. Градот затоа ја рекламира својата мултикултурност и отвореност. Мотоот под кое Печуј поднесе кандидатура и со кое ја освои тирулата „Европска престолнина на културата“ гласи „Печуј- град без граници“

Автор: Силке Бартлик/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска