1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Печурки од талог од кафе

Ф.Таубе/ Ж.Ацеска/А.Трајковска 10 октомври 2013

Една фирма од Бурџес Хил во Јужна Англија и една од Берлин произведуваат деликатесни печурки на талог од кафе. За гостите во рестораните печурките се изненадување.

https://p.dw.com/p/19tZ9
Фотографија: Fotolia/womue

Каде што се подготвува еспресо, лате макијато и капучино...останува талог... кој досега завршуваше во ѓубре.

Но, од пред еднаипол година претставник на „Еспресо Машрум“ го собира талогот.

Фирмата од јужното англиско гратче Бурџес Хил потоа го употребува како компост за деликатесни печурки.

Соработникот Џон Комс со велосипед повеќепати неделно врши обиколки низ грофовството Вест Сасекс за да собере од кафулињата талог полн со хранливи материи. „Секојдневно во целата земја се фрлаат тони и тони, можеби и стотици тони талог. Тоа е сосем непотребно. Тоа не е никаков смет, туку е ресурс“, велу Роби Џорџу од Еспресо Машрум компани“.

Во фирмата во компостот се додава расад од печурки. Ќе потрае повеќе недели додека од тоа изникнат буковки. „Печурките се клучен природен рециклатор. Тие разложуваат организми и разни материи и ги претвораат во храна за други организми. Во таа смисла и кафето се разложува и се користи како храна за да расте она, што потоа е храна за нас“, подвлекува Џорџу.

Symbolbild Kaffeesatz lesen
Талогот од кафе како компостФотографија: Bilderbox / DW Montage

Но, прво смесата мора да отстои околу четири недели во темен и влажен подрум - како овде во Берлин, кај фирмата „Чидос Машрум“, чии основачи ја имаа истата идеја како и Британците.

Фирмата ја патентира постапката. Од октомври 2012 година таа одгледува деликатесни печурки. Жетвата изнесува околу 500 килограми месечно. Едно кило чини 18 евра.

„Испорачуваме најсвежи печурки - ги одгледуваме во градот и по шест часа веќе се во чинија во некој ресторан,“ вели Ан-Катрин Кулеман од „Чидос Машрумс“.

И во јужна Англија, слично како и во Берлин, во меѓувреме првокласни ресторани користат печурки од талог од кафе - на пример како состојка за азиски супи. Овој јапонски ресторан од Брајтон, во близина на седиштето на фирмата, веќе е меѓу постојаните муштерии. „Еспресо Машрум“ пред сѐ сака да го освои локалниот пазар.

За гостите печурките се изненадување. „Растат на талог од кафе? Навистина? Фантастично!“, вели еден посетител.

Алекс Џорџу од „Еспресо Машрум компани“ дополнува: „Многу луѓе прашуваат 'Дали имаат вкус на кафе' или 'Дали содржат кофеин'? Не. Факт е само дека компостот влијае врз вкусот и свежината на печурките.“

Збогатен талог може и да се купи, па берба на печурки да се доживее и дома.