1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Перу по земјотресот

17 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BVM5

По катастрофалниот земјотрес на југот од Перу, земјата добива најави за помош од целиот свет. И без посебен апел, меѓународната заедница веднаш реагираше, изјави перуанскиот претседател Алан Гарсија при посетата на погоденото подрачје. Според последните извешати, во земјотресот со јачина од 8 степени, загинале повеќе од 500 лица, околу илјада и 500 се повредени. Десетици илјади луѓе останаа без покрив над глвата. Екипите за расчистување сметаат дека под урнатините е можно да има уште жртви. Владата во Лима воспостави воздушен мост за снабдување на преживеаните.