Перо Антиќ како дебитант на „Ол Стар“ викендот
30 јануари 2014Перо Антиќ, првиот Македонец кој заигра во НБА лигата, продолжува да испишува историја во најсилната кошаркарска лига на светот. Антиќ ќе биде учесник на „Ол Стар“ викендот, како еден од деветтемина дебитанти кои се избрани да играат на овој натпревар.
Антиќ, во моментов поради повреда не настапува за Атланта, но тренерите сепак решија да му упатат покана за настап на викендот на сите ѕвезди. Тренери на овие две екипи ќе бидат легендарните Шекил О’Нил и Чарлс Баркли. Тие ќе состават две екипи од играчите кои ја играат својата прва, односно втора сезона во НБА лигата.
„Им благодарам на соиграчите и луѓето од Атланта Хоукс. Горд сум што ќе го претставувам тимот и мојата земја Македонија во „Њу Орлеанс“, напишал Антиќ на својот Твитер профил.
„Ол Стар“ викендот, во НБА лигата ќе се одржи од 14. до 16.февруари во Њу Орлеанс.