Пелоси во Сирија
4 април 2007
Реклама
Претседателката на Американскиот долен дом на Конгресот,Ненси Пелоси стигна во посета на Сирија и покрај острата критика од страна на американскиот претседател Џорџ Буш.Таа денеска ќе има средба со сирискиот претседател Башар ел Асад.Буш ја нарече посетата на Пелоси контрапродуктивна и дека испраќа погрешен сигнал до владата во Дамаск.Тој истовремено повторно и префрли на Сирија дека ги поддржува милитантните исламисти и ја дестабилизира демократски избраната влада во Либан.За разлика од неговата внатрешнополитичка ривалка Пелоси,Буш сака меѓународна изолација на Сирија.