Пекинг остро реагира на средбата Меркел-Лама
25 септември 2007Реклама
Кина ги засили критиките за средбата меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и тибетанскиот лидер Далај Лама. Направена е штета за германско-кинеските односи- изјави портпарол на министерството за надворешни работи во Пекинг. Тој ја обвини германската влада за грубо мешање во внатрешните работи на Кина. Меркел се сретна со Далај Лама во неделата .