1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Педесетти нокаут за Кличко

4 март 2012

Украинецот Владимир Кличко уште еднаш ја докажа својата доминација во најтешката боксерска категорија, откако со нокаут го порази Фрацузинот Жан Марк Мормак.

https://p.dw.com/p/14Eih
Фотографија: Reuters

Во мечот кој се одржа синоќа во „Еспри Арена“ во Диселдорф, Владимир Кличко ја оствари 57-тата победа во 60-тиот меч во професионалната кариера, но и јубилејната 50-та со нокаут, откако на почетокот на четврттата рунда на подот го прати својот противник Жан Марк Мормак.

По победата во колекцијата на Владимир остануваат четирите шампионски трофеи во верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО. Воедно во сопственост на Владимир е шампионскиот појас „Ринг Магази“, а единстено во неговата приватна колекција недостасува појасот во ВБЦ верзијата, кој пак е во сопственост на неговиот постар брат Виталиј. На синоќешната борба на својот помал брат, Виталиј најави наскоро меч со конраверзниот британски боксер Дејвид Хеј, кој пред осум месеци беше поразен од Владимир.

Автор: АТ/ миа

Редактор: Александар Методијев