Пауза за размислување
17 јуни 2005Претседавачот со Европската Унија , премиерот на Луксембруг Жан Клод Јункер по првиот ден од Самитот објави дека 25-те европски лидери се согласиле , да го продолжат рокот за усвојување на важниот документ (чија иднина е неизвесна ) до средината на 2007-ма година .
„ Досегашниот краен рок кој истешкуваше на 1 ноември 2006-та повеќе не е одржлив “- изјави Јункер на пресконференцијата по првиот ден од Самитот. На земјите кои планираат да одржат референдуми за Уставот им е потребно повеќе време да ја убедат својата јавност “- истакна Јункер .
Меѓу нив е и Велика Британија , чии граѓани никогаш не гаеле премнозгу проевропски чуства:
„ Доколку се согласиме , треба да има пауза , што ќе значи дека Уставот нема да биде узвојуван во ниту една од земјите кои досега не го ратификуваше Уставот.“ –истакна во Брисел , шефот на британската дипломатија Џек Строу.
Данска во меѓувреме најави дека ќе го откаже референдумот кој требаше да се одржи во септември и тој ќе биде закажан дополнително. Премиерот Андерс Фог Расмусен објаснува:
„ Ние би сакале да го продолжиме процесот . Подготвивме се за референдумот , но секако не можеме да го ставиме на гласање Уставот во Данска , доколку нема документ за кој да се гласа.“
Својот референдум за европскиот Устав планиран за наесен ќе го откаже и Ирска .
Чешка и Шведска истотака истакнаа дека ратификацијата на Уставот ќе биде одложена се додека неговата иднина не стане појасна. Досега 10 земји членки на ЕУ го ратификуваа Уставот , но процесот западна во проблеми откако на референдумите во Франција и во Холандија , тој беше отфрлен со големо мнозинство.
Инаку и по првиот ден од Самитот лидерите на 25-те земји члени на Унијата не направија никаков напредок кон постигнувањето компромис за идното финансирање на Унијата . Оваа тема ќе доминира на денешната маратонска сесија на Самитот.
Инаку Велика Британија , која секоја година од буџетот на ЕУ добива назад рабат во вреднос од близу 5 милијарди евра а сака така да остане и во иднина , на што се спротиставуваат останатите партнери во Унијата , не го прифати ниту најновиот предлог на луксембуршкото претседателство за надминување на спорот:
Предлозите на претседателството не се прифатливи за нас и тоа е една од причините поради која ќе биде тешко . Доколку сакате да видите реформа во буџетот на ЕУ , мора да видите и реформа во субвенциите за земјоделство“ – истакна министерот за надворешни работи на Велика Британија Џек Строу .
Инаку Франција е земја која најмногу профитира од европската политика за буџетски субвенции за земјоделството.
Германскиот канцелар Герхард Шредер кој вчера од Берлин се упатиу во Брисел со умерен оптимизам дека е можен компромис околу буџетот , по поминатиот ден во седиштето на ЕУ звучеше далеку по песимистично:
„ Јасно е дека може да се постигне нешто , ако сите се придвижат и бидат подготвени за отстапки. Отворено е прашањето дали тоа ќе успее. Јас се надевам , меѓутоа постои голема скепса“