1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Пауза“ во преговорите за Сирија

ЖА/миа/ртре28 јануари 2014

Денешната попладневна сесија на директните преговори за прекин на граѓанската војна во Сирија е откажана поради несогласувања околу целите на дијалогот и разговорите ќе продолжат утре, соопшти сириската опозиција.

https://p.dw.com/p/1AyaC
Фотографија: cc-by-nc-nd/UN Photo/Jean-Marc Ferré

Ахмед Џакал истакна дека меѓународниот посредник Лахдар Брахими ги откажал попладневните преговори за да може главниот преговарач на сириските власти Ибрахим Џафари „да добие време и да размисли за Женева-1“. Џакал тврди дека владината делегација силно се спротиставила на фокусирањето на дискусијата на формирање на преодна влада.

Претставникот на Сириската национална коалиција Мураф Џуејџати наведе дека преговорите се прекинати со цел да и‘ се даде шанса на сириската Влада „да ја согледа иднината на Сирија“ во контекст со првиот договор постигнат во 2012. година.

На денешните преговори сириската владина делагација ја осуди одлуката на Конгресот на САД да се достави американско оружје на умерената сириска бунтовничка група Исламски фронт. Тие тврдат дека тоа ќе го поткопа процесот за изнаоѓање на мирно решение од кризата.

Сирискиот заменик-министер за надворешни работи Фејсал Мекдад изјави дека вооружените бунтовници прво треба да го напуштат Хомс, пред хуманитарниот конвој да влезе во градот.

„Не можеме да доставиме хуманитарна помош на терористи“, посочи Мекдад.