1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пат кон „кинескиот сон“

ЖА/дв/афп/дпа17 март 2013

На крајот на кинескиот Народен конгрес, новото раководство вети благосостојба и остварување на „кинескиот сон“. Но, за тоа е потребна напорна работа, а ништо нема без откажувања, сметаат политичарите.

https://p.dw.com/p/17z8C
Фотографија: Reuters

Новиот државен и партиски шеф Кси Џинпинг (на насловната фотографија) ги повика своите сонародници да го остварат „кинескиот сон“ за силна и богата нација. Неговата визија, изнесена пред делагтите на Народниот конгрес, е „социјализам со кинески печат“. 59-годишниот Кси Џинпинг на крајот на годишниот собир вети напорна работа со цел да ги исполни очекувањата на луѓето.

„Добивање битки“

Во врска со новоразгорениот спор со соседите околу неколку острови, Кси Џинпинг побара безбедносните сили „решително да ја бранат“ сувереноста на земјата. Сите војници и офицери на Народната армија и кинеската воена полиција треба, раководени од партијата, да бидат спремни да ги добијат битките. Народниот конгрес одобри зголемување на воените издатоци од 10,7 проценти. Притоа, државниот буџет во споредба со лани е зголемен за 400 лилијарди, на 1,2 билиони јуани (147 милијарди евра). Втората по сила економија во светот лани забележа развој од 7,8 проценти, што е најмалку во последните 13 години.

Кинескиот државен буџет беше усвоен од 3.000 делегати со 509 гласа против и 127 воздржани. Аналитичарите ова го толкуваат како за знак на незадоволство кај делегатите, кои не се избрани на слободни избори и досега никогаш не отфрлиле било каков предлог.

Li Keqiang neuer Ministerpräsident China
Големи ветувања од новиот кинески премиер, Ли КечијангФотографија: Reuters

Курс на реформи и штедење

По завршувањето на Конгресот, новиот кинески премиер Ли Кечијанг во првиот настап пред новинарите вети спроведување реформи и одржлив развој. Тој најави намалување на големиот јаз меѓу сиромашните и богатите и зголемување на платите, како и изградба на социјалните системи.

За постигнување на целта - удвојување на економските перформанси и приходите од 2010 до 2020 година, Кина треба да одржува годишен развој од 7,5 проценти.

„Тоа нема да биде едноставно, но имаме поволни услови и енормна внатрешна побарувачка“, смета Ли Кечијанг. Неговите приоритети се насочени кон трансформација на стопанството и напредок на урбанизацијата. Новиот премиер вети дека ќе се справува со „железна тупаница“ со проблемите на заштитата на природната околина и сигурноста на животните продукти, како и борба против корупцијата. Ли Кечијанг на државните служби им одреди стриктен курс на штедење. Така, нема да бидат градени нови административни згради или хотели, а издатоците за набавка на нови возила, приеми и патувања во странство ќе бидат намалени.