1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патување со симболична моќ

11 јули 2009

За првпат еден американски претседател со црна боја на кожата е во посета на црниот континент. Прва станица на африканската турнеја на Барак Обама е Гана, која се смета за пример за демократски развој на континентот.

https://p.dw.com/p/Ilbp
Семејството Обама на аеродромот во АкраФотографија: AP

Илјадници луѓе го дочекаа американскиот претседател на аеродромот во главниот град на Гана, Акра. Барак Обама е посебен гостин и луѓето на Гана се гордеат.

„ Црнец е претседател на САД, Тоа е како остварување на еден сон“

„ Веројатно ние нема директно да профитираме од тоа, но порано или подоцна тоа ќе води кон нешто, што ќе биде голем успех“, велат задоволните граѓани на Гана.

Ова е прво патување на Обама во Африка како претседател на САД. Неговиот татко е од Кенија, но тој сосема свесно се одличи за Гана, зашто земјата има функционирачка демократија и претседател кој искрено се бори против корупцијата.

President Barack Obama in Ghana
Барак Обама дочекан од илјадници еуфорични граѓани на ГанаФотографија: AP

Во Гана веќе со недели владее Обама-треска

И токму на почетокот на престојот во Гана Обама разговараше со колегата по функција, Џон Ата Милс. По оваа средба тој порача дека Африка нема да биде оставена настрана од светските случувања. Исто така Обама порача дека Гана може да биде извонреден успешен модел за демократски поредок, за останатите земји од Африка. Американскиот претседател притоа укажа и на економскиот успех кој го бележи Гана.

Тој денеска треба да има и обраќање во парламентот на Гана, во кое треба да ја образложи новата американска политика кон Африка. Неговиот говор се очекува со нетрпение не само во Акра туку и во останатите престолнини на африканските земји.


Автор: СН/ГЧ/дв/рт

Редактор: Горан Чутаноски