Патување во Србија само со лични карти?
18 септември 2010Реклама
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ е во посета македонското МВР.
На средбата меѓу македонскиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот колега Дачиќ ќе биде потпишан билатералниот договор за локален граничен сообраќај.
Дачиќ ќе го посети и Куманово
Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на денешната официјална посета на Македонија, ќе и предложи на министерката Гордана Јанкулоска, македонските и српските граѓани да не патуваат со пасоши, туку само со лична карта.
Исто така, предвидено е српскиот министер да го посети и МАРРИ Регионалниот центар во Скопје.
На негова желба Дачиќ денеска треба да го посети и Куманово
Автор: СН/БГ/бета/макфакс
Редактор: Симе Недевски