1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Патот кон Бразил е отворен

ЖА/дв/миа12 октомври 2013

Германската репрезентација ја совлада екипата на Ирска со 3:0 и се квалификуваше за Мундијалот во Бразил во 2014 година. Пласмсн обезбедија и Белгија и Швајцарија, а Македонија загуби од Велс во Кардиф со 0:1.

https://p.dw.com/p/19ySM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Фудбалските репрезентации на Германија, на Белгија и на Швајцарија успеаја на едно коло до крајот на квалификациите од европската зона да обезбедат пласман на Светското првенство во Бразил. Трите селекции на синоќешните натпревари постигнаа победи и со тоа го обезбедија првото место во своите групи и им се приклучија на Холандија и на Италија, кои од порано имаа обезбедено пласман на Мундијалот. На сите 24 дуели кои се играа синоќа беа постигнати голови. Германската репрезентација на натпреварот што го играше против Ирска во Келн, забележа заслужена победа од 3:0. Головите ги постигнаа Сами Кадира во 12. минута, Андре Ширле во 58. минута и Месут Езил во 90.минута.

Македонската фудбалска репрезентација синоќа на гостувањето во Кардиф загуби од Велс со 1:0 и на едно коло до крајот на Мундијалските квалификации се најде на последното место во А групата. Стрелец на победничкиот гол за велшката репрезентација беше Симон Чрч во 67.минута. Избраниците на в.д. селекторот Зоран Стратев имаа неколку шанси за гол, а најдобрите преку капитенот Горан Пандев и Николче Новески, но домашниот голман не беше совладан. И Велс имаше шанси за уште некој погодок, а не реализира и пенал на пет минути пред крајот.

Резултати на натпреварите и табели:

А група: Хрватска – Белгија 1:2 и Велс – Македонија 1:0.

Табела: Белгија 25 бодови, Хрватска 17, Србија 11, Велс 9, Шкотска 8, Македонија 7.

Б група: Ерменија – Бугарија 2:1, Малта – Чешка 1:4, Данска – Италија 2:2.

Табела: Италија 21, Бугарија 13, Данска 13, Чешка 12, Ерменија 12, Малта 3.

Ц група: Фарски Острови – Казахстан 1:1, Германија – Република Ирска 3:0, Шведска – Австрија 2:1.

Табела: Германија 25, Шведска 20, Австрија 14, Република Ирска 11, Казахстан 5, Фарски острови 1.

Д група: Андора – Романија 0:4, Естонија – Турција 0:2, Холандија – Унгарија 8:1.

Табела: Холандија 25, Турција 16, Романија 16, Унгарија 14, Естонија 7, Андора 0.

Е група: Албанија – Швајцарија 1:2, Исланд – Кипар 2:0, Словенија – Норвешка 3:0.

Табела: Швајцарија 21, Исланд 16, Словенија 15, Норвешка 11, Албанија 10, Кипар 4.

Ф група: Азербејџан – Северна Ирска 2:0, Луксембург – Русија 0:4, Португалија – Израел 1:1.

Табела: Русија 21, Португалија 18, Израел 13, Азербејџан 8, Северна Ирска 6, Луксембург 6.

Г група: Литванија – Летонија 2:0, Босна и Херцеговина – Лихтенштајн 4:1, Грција – Словачка 1:0.

Табела: Босна и Херцеговина 22, Грција 22, Словачка 12, Литванија 11, Летонија 7, Лихтенштајн 2.

Х група: Молдавија – Сан Марино 3:0, Украина – Полска 1:0, Англија – Црна Гора 4:1.

Табела: Англија 19, Украина 18, Црна Гора 15, Полска 13, Молдавија 8, Сан Марино 0.

И група: Шпанија – Белорусија 2:1.

Табела: Шпанија 17, Франција 14, Финска 9, Грузија 5, Белорусија 4.мс/9:31