Партиски превирања во СДСМ со владини вплеткувања
7 октомври 2006Реклама
Обвинувањата се тотално неосновани, реагираше и ЕУ амбасадорот Ерван Фуере.Целиот скандал коинцидираше со тајмингот на организирањето на денешната конвенција на СДСМ, на која се разгорува ривалската битка за лидерската позиција меѓу актуелниот шеф на партијата Владо Бучковски и потпретседателот Радмила Шеќеринска.Бучковски ги обвини луѓето од кабинетот на Црвенковски, а индиректоно и претседателот на државата дека ќе бидат одговорни за поделбата што може да му се случи на СДСМ.