Партиската книшка - виза за напредување
25 август 2008Во периодот на својата оддолжена транзиција, Македонија се соочува со една негативна социо – политичка појава. Неа експертската јавност и аналитичарите ја сметаат како најдиректна причина за загрозување на демократските процеси во земјата и за уназадување на правата и слободите на граѓаните. Се работи за партизацијата, односно директните и индиректните влијанија на елитите од големите етаблирани партии и од македонскиот и од албанскиот политички блок врз судството, администрацијата, обвинителството и другите сфери во општеството. Некои експерти ја сметаат приватизацијата дури и како перфиден облик на корупција, кој му нанесува големи штети на севкупното економско и демократско битие на земјата, претставувајќи ја во неповолна светлина во очите на меѓународната заедница.