Партиите од албанскиот блок за очекувањата во 2008
30 декември 2007Реклама
Партиите на Албанците од власта и опозицијата во Македонија за првпат во своите очекувања за 2008 година на преден план ги дефинираа интегрирањето на Македонија во НАТО и Европската унија наместо етничките барања на албанската заедница во Македонија. Борбата против организираниот кириминал, официјализирањето на албанскиот јазик и законот за поранешните припадници на ОНА – остануваат цели за достигнување кон кои ќе се стремат партиите од албанскиот блок.