Партиите во Македонија потпишаа декларација за фер избори
18 мај 2006Реклама
Лидерите на најголемите политичките партии во Македонија денеска на средба кај претседателот Бранко Црвенковски потпишаа декларација за фер и демократски избори. Имаме заедничка цел – организирање слободни, фер и демократски избори по сите меѓународни стандарди – порача македонскиот претседател Црвенковски на средбата со лидерите на политичките партии на која присуствуваа и европреставникот Ерван Фуере, американскиот амбасадор Џилијан Миловановиќ и претставникот на ОБСЕ Карлош Паиш.