1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламнетрни избори во Русија на 2 декември

2 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Bagk

На 2 декември во Русија ќе се бира составот на новиот Парламент. Претседателот Владимир Путин денеска го потпишал указот. При изборот на пратениците во Думата, за првпат смеат да учествуваат само партии, а нема да бидат дозволени поединечни кандидати. На изборите смеат да учествуваат само партии кои бројат повеќе од 50 илјади членови. За влез во долниот дом на парламентот, на партиите ќе им бидат потребни најмалку 7 проценти гласови наместо досегашните пет насто.