1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Украина

26 март 2006

Денеска во Украина се бира нов парламент. Расположението од „портокаловата револуција“ во моментов е спласнато, а политичките носители на надеж при мировната промена на власта од пред нешто повеќе од една година се скарани меѓу себе. Изборните експерти не ја исклучуваат можноста, најмногу гласови да добијат „старите сили“ околу поранешниот премиер Виктор Јанукович.

https://p.dw.com/p/Ae2r
Избори во Украина
Избори во УкраинаФотографија: AP

За многумина во Украина изборите уште сега се исплатливи - не политички туку финансиски. За десет евра дневно, деновиве студентите, невработените и пензионерите носеа знамиња по улиците на Киев. За нив изборната кампања е само добро платена работа. Податоци за програмата на партијата која ја застапуваат неможат да дадат. Но партиските програми не играат никаква улога во изборната кампања, борбата е за места во парламентот, смета политикологот на Украинската академија за науки Александер Драгачов

„Најчесто станува збор за вообичаените популистички слогани. Украинските избирачи се насочени на личности. Тоа повеќе личи на натпревар на водечки личности, отколку натпревар со политички програми.“

45 партии се кандидираат за 450 места во Верховна рада – украинскиот парламент.

Нешто повеќе од една година по „портокаловата револуција“ симол фигурите на демократската промена се скарани. На денешните избори им се заканува пораз. Имено според последните анкети јасно води Партијата на регионите на Виктор Јанукович. Тој бара реванш по поразот на претседателските избори во 2004 година.

Кој на крајот ќе ја предводи владата, ќе зависи од тоа и кои од помалите партии ќе ја надминат границата од 3 проценти, за да можат да коалицираат со големите партии. Анкетите велат дека ниту партијата на претседателот Виктор Јушченко Наша Украина ниту Партијата на регионите на Јанукович го немаат потребното мниозинство. Набљудувачите не исклучуваат ниту голема коалиција, но тоа според експертите не би ја забрзало европската интеграција на Украина. Доколку победи пак Јанукович тогаш би се очекувало орјентација на земјата кон Русија. Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер на неговата неодамнешна посета на Украина предупреди

„Брзина на приближувањето, а тоа добро го знаат нашите украински соговорници, зависи од натамошните напори за спроведување реформи и од реформските достигнувања во Украина.“

Но уште по одлучувачко за Украина ќе биде, дали ќе им успее на политичарите по изборите да формираат стабилна влада.