1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парламентарни избори во Ерменија

ЕМФ/бета/афп6 мај 2012

Во Ерменија се одржуваат парламентарни избори, на кои најголеми шанси за победа има Републиканската партија на претседателот Серж Саркисјан.

https://p.dw.com/p/14qjN
Фотографија: DW/Gazazyan

Според истражувањата на јавното мислење, зад Републиканската партија на Саркисјан би била коалицијата „Просперитетна Ерменија“ на милионерот Гагик Царукјан. Во фокусот на изборната борба беа невработеноста, сиромаштијата и иселувањето од земјата, додека долгогодишните конфликти со соседите - Турција и Азарбејџан, речиси и не играа улога во кампањата.

Овие избори се своевиден испит за Ерменија, поради тоа што се први национални избори по претседателските во 2008 година. Тогаш, по оспорените резултати од изборите, избија демонстрации кои прераснаа во судири со полицијата, во кои загинаа 10 луѓе.

Властите на земјата на граѓаните (3,3 милиони) им ветија транспарентни избори за 131 место во Народното собрание. Избирачките места ќе бидат затворени во 18 часот по средноевропско време.