Парламентарни избори во Австралија
24 ноември 2007Реклама
Во Австралија денеска се одржуваат избори за нов состав на парламентот. 14 милиони жители на земјата имаат право на глас. Според последните анкети Либералната партија на конзервативниот премиер и близок соработник на САД Џон Хауард, е пред пораз. Најголеми изгледи за триумф и се даваат на лабористичката партија предводена од поранешниот дипломат Кевин Руд. Тој изјави дека доколку ја освои власта ќе ги повлече австралиските војници од Ирак и ќе го ратификува протоколот за заштита на климата од Кјото.