Парламентарна расправа по инцидентот во Танушевци
26 октомври 2007Реклама
Во македонскиот Парламент повторно жестока дебата со речиси познати реплики. Повод нападот на граничната полициска патрола во која загина едно лице, а двајца се повредени. За власта нема загрозување на безбедноста во земјата.Според првите сознанија пограничната патрола била нападната од шверцерско - криминална група. Опозицијата побара оставки од ресорниот министер и расчистување на инцидентот.