1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Парите, сами за себе, нема да донесат решение

Клеменс Ференкоте3 март 2009

На донаторска конференција за обнова на појасот Газа беа ветени три и пол милијарди евра. Но, во египетското одморалиште Шарм ел Шеик вчера не стана збор само за пари, туку и за политичката иднина на Блискиот Исток.

https://p.dw.com/p/H4lV
Донаторска конференцијаФотографија: picture-alliance/ dpa

Новата американска министерка за надворешни работи звучеше амбициозно. Не смеат да се дозволат натамошни неуспеси и одолговлекување, пледираше Хилари Клинтон на конференцијата во Шарм ел Шеик. Американскиот финансиски придонес за програмата за обнова на појасот Газа, Клинтон го претстави како дел од една американска надворешно-политичка стратегија „на повеќе фронта“, како што рече, за сеопфатен мир меѓу Израел и арапските соседи.

Без отворање на границата ќе пропаднат сите напори

Останатите истакнати учесници на донаторската конференција, далеку понедипломатски од Хилари Клинтон, го свртеа вниманието кон фактичката конструктивна грешка на оваа висока по ранг средба за Блискиот исток: без отворање на границата кон појасот Газа од страна на Израел осудени се на пропаст сите напори. Шест недели по крајот на израелската воена операција да им се влее барем малку сигурност на 1,5 милиони Палестинци, дека во догледно време повторно ќе можат да ги обноват своите уништени куќи, станови, јавни институции.

Но, израелскиот премиер во оставка, Ехуд Олмерт го условува отворањето на границата - прво Хамас мора да го ослободи, израелскиот војник, Гилат Шалит, киднапиран во летото 2006 година, инаку ќе остане блокадата. Згора на тоа Хамас повторно почна да ги бие со рекети израелските градови и општини на југот на земјата - На тоа, така нареди Олмерт на први март, израелската армија ќе реагира со сила.

Бенјамин Нетанјаху, потенцијалниот наследник на Олмерт, е поденакво против отварањето на границата кон појасот Газа. Во моментов во пограничната област примирјето е крајно кревко. Само неколку дена пред донаторската конференцијата Олмерт ги торпедираше напорите на неговиот министер за одбрана, Ехуд Барак, со египетско посредство да се направи она, што по правило се случува по секоја војна: да се договори примирје со непријателот.

Дали е претпрограмиран нов внатрепалестински конфликт?

Тоа досега изостана. Со Хамас не може да има никаква спогодба, ова е мотото на израелската влада во оставка. Во слична насока одеа и напорите на новата американска министерка во Шарм Ел Шеик, европските држави и натаму да останат на курсот за јасно изолирање на Хамас.

Финансиските средства за обновата би требало да се влеваат преку сметките на Махмуд Абас, претседателот на Палестинската ослободителна организација чиј мандат како претседател на Палестинците истече пред два месеца. Неговите Автономни власти немаат никакво влијание во појасот Газа. Штом немоќните претставници на Автономните власти ќе почнат целно да ги распределуваат средствата во крајбрежниот регион, веќе е претпрограмиран наредниот внатрепалестински конфликт. Хамас во изминатите дваесет месеци владеење во појасот Газа постојано се обидуваше, да врши влијание врз распределбата на парите и хуманитарната помош.

Доколку, сега ветените финансиски средства не се вложат ефикасно, ќе продолжи кружниот тек на обнова и уништување, точно прогнозира британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибанд.