1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папа – екологија – млади

3 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/Baq8

Папата Бенедикт 16-ти ги повика младите католици ширум светот да се заангажираат за поголема заштита на човековата околина. Во мисата под отворено небо во италијанското место Лорето, тој пред половина милион млади порача дека мораме да спречиме природата да го загуби чувствителниот баланс. На вториот ден од средбата што се смета за подготвителна за Конгресот на католичката младина во Сиднеј наредната година, Папата исто така апелираше до младите христијани да се откажат од животните модели што почиваат врз ароганција и насилство.