1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско: Единство наместо еднообразност

ЖА/дв/дпа19 мај 2013

Во својата миса по повод големиот верски христијански празник Духовден, папата Франциско го пофали ангажманот на духовните заедници.

https://p.dw.com/p/18aj2
Фотографија: Reuters

Папата Франциско на плоштадот Свети Петер во Рим зборуваше пред околу 100.000 верници. Меѓу нив беа десетици илјади членови на духовни движења и групи лаици. Папата ги повика да се придржуваат на христијанската порака „до крајните граници на човечката егзистенција“. Заедниците треб ада бидат отворени за влијанието на Светиот дух, истакна Франциско. Ова предизвикува неред во црквата, но крајно носи хармонија и единство. Папата Франциско се залага за единство во црквата, што во никој случај не значи еднообразност.

На покана на папата на одбележувањето на верскиот празник Духовден во Рим учествуваа преставници на 150 духовни движења. Уште синоќа папата заедно со 200.000 луѓе го прослави големиот верски празник на плоштадот Свети Петар. Празникот Духовден, наречен уште и Педесетница е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото Воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.