1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата Франциско во посета на Лампедуза

АТ/ афп/дпа/ртр/кна8 јули 2013

Првото патување вон Рим папата Франциско го одведе на средоземноморскиот остров Лампедуза. Таму постојано пристигнуваат илјадници бегалци, пред се' од Африка.

https://p.dw.com/p/193mA
Фотографија: picture-alliance/dpa

Папата Франциско, со своето прво патување откако е поглавар на римо-католичката црква испрати сигнал: Тој сака да се залага за сиромашните и оние на кои им е потребна помош, да покаже солидарност. Така островот Лампедуза, каде само во изминатата половина година пристигнаа околу 4.000 беглаци од целиот свет, е целно избрано место. Папата денеска слета на Лампедуза само половина час откако таму беа пронајдени нови 166 беглаци на еден чамец.

Надеж за подобар живот

Тие ја напуштаат својата татковина од економски или политички причини, во надеж дека ќе имаат подобар живот во Европа. Затоа бегалците го бираат опасниот пат преку морето, најчесто патувајќи во преполни чамци, кои не се речиси воопшто безбедни за патување. Притоа постојано голем број луѓе го губат животот. Во изминатите три децении според проценките 20.000 мажи жени и деца ги загубиле своите животи давејќи се во морските води или умирајќи од жед. Во спомен на нив папата Франциско положи венец во морето.

Потоа Франциско се сретна со бегалци и жители на островот.

Papst Franziskus Lampedusa Flüchtlinge Italien
Папата се сретна со бегалцитеФотографија: picture-alliance/dpa

На богослужбата која ја одржа на едно спортско игралиште на островот папата опомена од „глобализација на рамнодушноста“. Тоа сите ги прави „анонимни одговорни без име и без лице“. Под плаштот на анонимноста секој е обидува, да ја отфрли надлежноста од себе. Но еден христијанин не смее да бега од одговорност. Богатите земји би морале да прифатат повеќе бегалци и да обезбедат тие да можат да живеат во достоинство, опомена Франциско. Истовремено тој им се заблагодари на жителите на островот и на сите доброволни помагачи, кои се грижат на судбината на бегалците. Околу 10.000 луѓе присуствуваа на мисата.

Тоа што првото патување на Франциско надвор од Рим е на бегалскиот остров, бил „силен сигнал“ до владите, да размислат за нивната политика за доселување, оцени кардиналот одговорен за бегалци Антонио Марио Вегиљо уште пред патувањето.