1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата им го честита Велигден на православните христијани

СН/АМ/бета/виа5 мај 2013

Папата Франциско истакна дека неговата молитва на денешниот празничен ден посебно се однесува на христијаните на Блискиот Исток, кои денешниот празник го слават подложени на „испит и страдање“.

https://p.dw.com/p/18SZr
Фотографија: Reuters

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско денеска по мисата на плоштадот свети Петар, пред вообичаената неделна пладневна молитва, на православните верници ширум светот им го честита денешниот празник Велигден.

Папата истакна дека неговата молитва се однесува на сите, но посебно на христијаните на Блискиот Исток, кои денешниот празник го слават подложени на „испит и страдање“, пренесува Верската информативна агенција ВИА. Оваа година бројни христијански цркви на Блискиот Исток заедно го слават Велигден, а меѓу нив и оние кои се во единство со Светата столица во Рим и кои вообичаено го слават Велигден по Грегоријанскиот календар. Причина за вакво нешто е „заедничкото сведочење на верата“, бидејќи прашањето на календарите не е од догматска природа, туку дел од традицијата.

Ватикан минатата година одобри „пробен преоден период“ кој важи до 2015 година и во кој христијанските цркви на Блискиот Исток во единство со Рим наместо според грегоријанскиот Велигден можат да го слават според стариот Јулијански календар, како најголем дел од православните цркви.