1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

080509 Papst Amman

9 мај 2009

Денес (09.05.2009) е втор ден од посетата на папата Бенедикт 16-ти на Јордан. На програмата се посета на базилика на планината Небо, на џамија во Аман и говор пред високи претставници на исламот, дипломати и научници.

https://p.dw.com/p/HmaW
Папата Бенедикт 16-ти и јорданскиот крал Абдула вториФотографија: AP

Бенедикт шеснаесетти вчера попладне беше во посета на јорданското кралско семејство. Во знак на особена чест, кралицата Ранија и кралот Абдула втори го пречекаа гостинот од Ватикан уште на аеродромот во Аман. Кралот уште во неговиот поздравен говор стави јасно до знаење што очекува од посетата на папата: „Вредностите што ги делиме можат да бидат важен придонес за светата земја. Мораме заеднички да ги отстраниме сенките на конфликтот настанат поради планираната доселеничка политика. На Палестинците мора да им се признае слобода и сувереност, а на Израел - безбедност. Ерусалим е наш заеднички проблем. Мора да обезбедиме светиот град да биде место за молитва за сите.“

Според кралот Абдула втори, потребен е глобален дијалог на меѓусебно разбирање и добра волја.

Дводимензионална посета на папата

Иако папата постојано повторува дека во Светата земја доаѓа на аџилак - за време на летот повтори дека црквата не е политичка сила - сепак неговата посета е дводимензионална и политичкиот аспект, оптоварен од аферата Вилијамсон и говорот во Регенсбург, е се разбира важен дел на посетата. Бенедикт шеснаесетти се залага за тоа - неговата посета да му даде натамошни импулси на меѓурелигискиот дијалог: „Мојата посета на Јордан ми дава можност да го потврдам моето најдлабоко почитување на муслиманската заедница и да ја пофалам водечката улога на кралот кој се залага за подобро разбирање на вредностите на кои учи исламот.“

Rehabilitation von Holocaust-Leugner durch Papst Benedikt sorgt für Kritik
Папата повтори дека црквата не е политичка сила, но посетата на Блискиот исток има и политички аспектФотографија: picture-alliance/ dpa

Бенедикт е трет папа во новата историја кој е во посета на Јордан. Неговиот претходник Јован Павле втори беше во Јордан пред девет години. За разлика од него, Бенедикт не останува еден, туку четири дена. За него е ова прво патување во една арапска земја.


Автор: Штефан Трендле

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска