1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Папата жали

16 септември 2006

Папата Бенедикт 16 жали за повредата на Муслиманите во говорот во кој тој го поврза исламот со насилството, официјално соопшти Ватикан.

https://p.dw.com/p/Ac3C
Папата Бенедикт 16
Папата Бенедикт 16Фотографија: AP

Светиот отец жали заради тоа што одредени делови од неговиот говор делувале навредливо за муслиманските верници и биле интерпретирани на начин кој никако не кореспондира со неговите намери, изјави преставникот на Ватикан Тарцисио Бертоне. Во меѓувреме во муслиманскиот свет не стивнуваат жестоките реакции на изјавата на Понтифот кој за време на предавањето во Регензбург цитираше изјава на византиски крал од 14 век според кого пророкот Мохамед не донел ништо добро.

Турската влада и покрај жестоките коментари на сметка на изјавата на Папата Бенедикт 16 не ја доведува во прашање неговата посетата на Турција закажана за ноември. Од кабинетот во Истанбул се вели дека Турција е лаицистичка а не верска држава така што расправите од таа природа не влијаат врз нејзината политика. Претседавачот на исламската конференција во Турција Ихсаноглу во едно интервју изјави дека Папата ги дигнал во воздух комуникациските канали меѓу христијаните и исламот.Во најголем дел од весниците сеуште стои барањето за извинување дури и несиламските весници му забележаа на папата за изјавата Сепак најголемиот весник Хуриет пак им префрлува на критичарите на папата дека тие дури и не го прочитале неговиот говоро во целина. Шефот на државниот завод за религија Али Бардакоглу призна дека бил запознат само со делови од говорот. Бардакоглу кој по функција е највисок верски службеник во Турција беше меѓу првите кој побара извинување од папата. Посетата на папата во Анкара се гледа како шанса за позитивен поен на контото кога станува збор за напорите за членство во ЕУ. Од министерството за надворешни работи во Анкара се вели дека посетата на Папата е можност Христијанскио и исламснкиот свет повторно да влезат во дијалог. Портпаролот на Ватикан Федерико Ломбарди тврди дека Папата немал намера да ги стави под знак прашање вредностите на исламот

„ Намерата на светиот отец не беше да го анализира џихадот, посебно не да ги навреди муслиманите. Напротив Папата испрати предупредување до западната култура и нејзиниот цинизам како слобода да го истикнува порекнувањето на бога и намалува значењето на светите луѓе„ изјави Ломбарди

Пакистанскиот претседател Первез Мушараф по разгорувањето на страстите предупреди:

„Нашата стратегија мора да се спротивстави на опасните тенденции за поврзување на тероризмот со Исламот и дискриминацијата против муслиманите што дава право на заканувачко отуѓување меѓу западот и исламскиот свет„ рече Мушараф