Папата во Бразил
9 мај 2007Реклама
Папата Бенедикт 16 е во повеќедневна посета на Бразил. Ова е прва посета на Папата на Јужна Америка откако стана поглавар на римо – католичката црква пред две години. Прва станица е економската метропола Сао Паоло каде што Бенедикт 16 утре ќе се сретне со претседателот на Бразил, Луиз Игнацио Лула де Силва. Главна тема на патувањето е големата сиромаштија на континентот и позицијата на католичката црква во однос на абортусот и контрола на раѓањето.