1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пандев ја обвини ФИФА за малверзација со неговиот глас

БГ/миа21 март 2013

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација изјави дека во изборот на ФИФА за најдобар тренер за минатата година, својот глас го дал за Португалецот Жозе Мурињо, но тој отишол кај шпанскиот селектор Дел Боске.

https://p.dw.com/p/181K9
Фотографија: Petr Stojanovski

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев ја обвини ФИФА дека при изборот на најдобар тренер за 2012 година, неговиот глас даден за Жозе Мурињо го вброила кај победникот на гласањето Висенте дел Боске.

Пандев го поддржа тврдењето на Мурињо дека не е регуларен изборот. „Како капитен на Македонија гласав за Мурињо и знам дека некои чудни работи се случија при броењето на гласовите. Според ФИФА мојот глас е регистриран за Дел Боске, а јас гласав за Мурињо. Ги побарав да им го кажам тоа, но остана на тоа. И Мурињо е свесен дека нешто чудно се случи, но ништо не може да смениме“, ја пренесуваат шпанските медиуми изјавата на Пандев.

Изјавата на македонскиот капитен доби голем публицитет и кај италијанската спортска јавност и сега останува да се види реакцијата на ФИФА.