1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинци – судир

11 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BT99

Радикално-исламистичкиот Хамас уапси повеќе членови на ривалското движење Фатах во појасот Газа. Меѓу нив се и високи функционери на Фатах. Веднаш потоа, роднини на уапсените упаднаа во зграда на Хамас во градот Беит Ханун. Во тој судир беа повредени најмалку 20 лица. Претходно, во градот Газа демонстрираа повеќе илјади приврзаници на Хамас поради смртта на еден нивен член. Борецот на Хамас бил наводно измачуван од страна на силите на Фатах.