1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците ќе бараат членство во ОН

14 август 2011

Палестинското државно раководство не отстапува од идејата да бара членство во ОН. Барањето дефинитивно ќе биде поднесено на годинешното генерално Собрание

https://p.dw.com/p/12GFu
Фотографија: AP

Палестинците на 20 септември ќе ја поднесат својата молба за полноправно членство во ОН, изјави палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал Малики.

Претседателот на палестинската автономна власт Махмуд Абас документот ќе му го врачи на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на денот на отворањето на годинешната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, прецизира Малики, кој поднесувањето на молбата го оцени како „историски чекор“.

„Бан Ки-мун барањето ќе му го предаде на претседателот на Советот за безбедност, додаде палестинскиот шеф на дипломатијата, истакнувајќи дека палестинската автономна власт „сака молбата да ја поднесе во септември затоа што тогаш Либан ќе претседава со Советот за безбедност на ОН“.

Тоа ќе ни помогне затоа што улогата на претседателот на Советот за безбедност, кој има исклучителни права, е одлучувачка, забележа Малики.

Автор: БГ/миа

Редактор: Трајче Тосев