1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Палестинците првпат гласаа во Генералното собрание на ОН

БГ/макфакс19 ноември 2013

Историски ден за палестинската делегација во Светската организација - претставници на Палестина за првпат добија право рамноправно да се изјаснат во Генералното собрание.

https://p.dw.com/p/1AKZq
Фотографија: Getty Images

Палестинците првпат во историјата вчера гласа во Генералното собрание на Обединетите нации којашто им го додели статусот на држава - набљудувач.

Палестинскиот претставник во ОН, Ријад Мансур гласаше за изборот на еден од судиите на меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, што беше проследено од речиси сите присутни.

„Ова претставува многу важен чекор во нашето напредување кон слободата, независноста и статусот на полноправна членка на ОН“, изјави Мансур пред претставниците на земјите членки на собранието.

Потоа за медиумите изјави дека станува збор за симболичен потег. „Ова е многу важен момент во историјата на палестинскиот народ и ќе го зајакне местото на државата Палестина во меѓународна арена“, изјави Мансур.

Статусот на држава не-членка и набљудувач на Палестина ѝ беше доделен на 29-ти ноември 2012. година со гласање во Генералното собрание. Палестинците немаат право да гласаат за резолуции, но Палестина како држава набљудувач може да избира судии во меѓународните судови кои дејствуваат во рамките на ОН.