Палестинците бараат поголем ангажман на САД
15 јануари 2007Од разговорите на американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс, во Рамала, никој не очекуваше драматични резултати. Сепак, прес конференцијата беше пренесувана во живо, дури и од израелското радио. Палестинскиот претседател, Махмуд Аабас, ги соопшти темите за кои станало збор:
“Разговаравме за различни теми, пред се за мировниот процес и за неопходноста да се обезбедат соодветни предуслови за повторно оживување на мировниот процес, со што тој би добил на значење и со што би се завршила израелската окупација почната во 1967 година.“
Незадоволството во Рамала поради недостигот на ангажман на американската влада очигледно бил толку јасен, што Рајс по разговорите со Абас, вети посилни напори за решавање на конфликтот: “Јасно и гласно го слушнав повикот за поголем американски ангажман. САД се за тоа да помогнат за наоѓање решение кое на Израелците и Палетсинците ќе им овозможи да живеат во безбедност, мир и демократија. Тоа се нашите цели и го слушнав повикот за наш поголем ангажман. Го имаат моето ветување дека токму тоа и ќе го направиме.“
САД се одготвени да му дадат поддршка на Абас во борбата за моќ со радикално-исламистичкиот Хамас и да му стават на располагање оружјеи повеќе безбедносни сили, рече Рајс.
Абас од своја страна подвлече дека и натаму ќе прави напори да состави влада на национално единство. Доколку тоа не успее тој ќе се држи до својот план за предвремени избори. Абас истовремено ги отфрли размислувањата за етаблирање палестинска држава со привремени граници. Овој предлог го даде израелската министерка за надворешни работи, Ципи Ливни и тој има поддршка и во Вашингтон. Според таквиот предлог, палестинската држава би била во границите кои сега се поставени со израелскиот заштитен ѕид на Западниот брег. Овој ѕид, направен од жица и бетон, во некои делови отстапува многу од меѓународно признатата зелена линија на Западниот брег. Тој отсекува многу палестински села од нивните полиња, плантажи со маслинки и извори на вода, а некои места ги затвора така да тие се останати како мали енклави меѓу растечките еврејски населби.