1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистан – тероризам

15 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BFzJ

Во Пакистан нов напад на екстремистите врз армиските сили во кој загинаа најмалку 12 војници. Според армиски информации, екстремистите на автопат во северозападниот дел на земјата детонирале експлозив кога минувал армиски конвој. Потоа дошло и до престрелки меѓу двете страни. Вчера инаку, во напад на атентатор самоубиец загинаа најмалку 24 војници, 29 се ранети. Со автомобил полн со експлозив, атенаторот атакувал врз армиски конвој, соопшти претставник на армијата. Во регионот кон границата со Авганистан, екстремистите повикаа на одмазда поради заземањето на џамијата во Исламабад.