1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пакистанска акција против екстремисти

22 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CQI2

Најмалку 65 екстремисти загинале во акцијата на пакистанските безбедносни сили против талибанските екстремисти во планиските северни области на земјата. Војската соопшти дека овој реон е легло на екстремистите поради што во акцијата се вклучени 15 000 војници. Армијата не соопшти дали има жртви и на нивна страна, како што тврдат претставници на талибанците.